Паднаа од зграда во Скопје, жена го загуби животот, а малолетник се бори за живот

Синоќа се случи трагедија во скопска Кисела Вода откако 70-годишна жена и малолетник паднаа од тераса од зграда.

Жената починала на лице место, додека детето било испратено на помош во Ургентниот центар. На местото на настанот интервенирале голем број спасувачки екипи.

„Вчера во 19:40 часот од ПСБ Скопје било пријавено дека две лица (70-годишна жена и малолетник) паднале од висина (од зграда) на територијата на Кисела Вода. Жената починала на местото на настанот, додека малолетникот била испратена на помош во ургентниот центар“, соопштија од МВР.

Причините за овој трагичен настан не се познати, во текот на денот се очекуваат повеќе информации за овој трагичен настан.