ПАДНАЛ РУСКИ АВИОН СУ-34! Министерството за одбрана се огласи итно

Откриено што може да биде причината за овој инцидент

Авионот Су-34 се урна денеска во руската област Воронеж за време на тренинг лет , а двајца членови на екипажот останаа неповредени откако безбедно се катапултираа , соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека авионот се урнал далеку од населбата и дека не носел муниција. 

Причината за инцидентот може да биде технички дефект, посочија од министерството, пренесе Тасс.