Наледи Пандор, јужноафриканската министерка за надворешни работи, денес соопшти дека лидерите на БРИКС, група составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, постигнале договор за механизмите за прием на нови членки.
BBC наведува дека овој договор го отвора патот на десетици земји заинтересирани за членство во БРИКС да презентираат кандидатури во групата која сака да стане лидер на светот.
Се вели дека проширувањето на БРИКС е високо на агендата на самитот во Јоханесбург, комерцијалниот главен град на Јужна Африка.
Иако сите земји-членки на БРИКС јавно изразија поддршка за проширувањето на блокот, BBC наведува дека има поделеност меѓу лидерите околу тоа колку нови земји треба да бидат примени и колку брзо.
„Постигнавме договор за прашањето за проширување. Усвоивме документ кој утврдува насоки и принципи, процеси за разгледување на членството на земјите кои сакаат да станат членки на БРИКС… Ова е многу позитивно“, изјави Наледи Пандор за тамошните медиуми.