Германските медиуми шират гласини дека нашата позната тенисерка Ана Ивановиќ се разведува од својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер , и оттогаш страстите не стивнуваат.
Медиумите и социјалните мрежи вреват за секој нивни потег, па затоа секој детаљ се следи на нивните нови објави што ги објавуваат на Инстаграм.
По неколку недели шпекулации за турбуленциите во бракот меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштагер, се случи пресврт што многумина не го очекуваа.
Бастијан Швајнштајгер ја објави фотографијата пред помалку од еден час, а луѓето забележаа дека тој повторно го носи венчалниот прстен.
Неговиот гест многумина го сфатија како доказ за помирување, би се рекло дека гласините за развод од тенисерката Ана Ивановиќ повеќе немаат место.