ЌЕ ИМАМЕ ЛИ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА НОЌВА? Падна првиот снег во Хрватска и Словенија (ФОТО)

Снег денеска падна во Хрватска, на Платка и во Словенија на Кредарица на Јулијанските Алпи.

На Платак викендов е забележан првиот снег, што до крајот на денот се уште е можен на други места. Пониски температури се очекуваат и во наредната недела.

– Во понеделник ќе биде променливо облачно и претежно без врнежи или со ретки врнежи од дожд главно во источните делови од внатрешноста и на централниот и јужниот дел на Јадранот. Во внатрешноста ќе дува северен и североисточен ветер, а на Јадранот ноќе и претпладне ќе дува силно и невреме. Во текот на денот невремето ќе слабее – изјавил метеорологот Бојан Липовшќак.

Снег денеска падна и во Словенија, каде што побеле планинскиот врв Кредарица на надморска височина од 2.541 метар.

За потсетување, метеорологот Ѓорѓе Ѓуриќ најави дека во текот на ноќта ќе падне првиот снег и во Србија, на места над 1.300 метри надморска височина каде температурата ќе се спушти под нулата.

Затоа во текот на ноќта снег ќе паѓа на планините на јужна и југозападна Србија над 1.300 метри.