Израелските војници продолжуваат да вршат ужасни злосторства во Појасот Газа, каде што пред неколку дена беше убиен и Мохамед Шалан, кој имаше 40 години.
Како што објави ТРТ, Шалан бил убиен во напад на израелската армија додека барал храна за своето дете во Газа.
Шалан беше убиен во Кан Јунис, во јужна Газа, каде што барал храна за својата болна ќерка Меријам, која страда од откажување на бубрезите и тешко труење со крвта.
Таа чекаше нејзиниот татко да се врати со храна и лекови – но наместо тоа, неговото безживотно тело се врати, јавува ТРТ.
Шалан беше еден од најистакнатите кошаркари во Палестина, играјќи за неколку локални клубови и познат по прекарот „Земјотрес“.
За потсетување, Израел неодамна се соочи со остри меѓународни критики откако го уби поранешниот палестински фудбалер Сулејман ал-Обеид, познат како „палестинскиот Пеле“, додека чекаше помош во близина на дистрибутивна точка во јужна Газа.
Повеќе од 800 спортисти се убиени во Газа од почетокот на израелската офанзива на 7 октомври 2023 година, додека спортската заедница продолжува да страда од бомбардирања, глад и распаѓање на инфраструктурата, според палестинските власти.
Палестинците кои се обидуваат да соберат оскудна храна од локациите на Хуманитарната асоцијација во Газа (GHF) постојано се цел на израелските војници. Според Обединетите нации, повеќе од 1.300 Палестинци се убиени обидувајќи се да добијат храна.