– Кабинетот на палестинскиот претседател Махмуд Абас денешното насилство на окупираниот Западен Брег, во кое беа убиени петмина Палестинци, го нарече злосторство и апелираше до САД да извршат притисок врз Израел за да ги прекине упадите на таа територија.
„Новата израелска влада продолжува со својата серија злосторства против нашиот палестински народ“, се вели во соопштението од кабинетот на Абас.
Израелските безбедносни претставници соопштија дека пет вооружени Палестинци биле убиени денеска во судир во палестински бегалски камп на Западниот Брег.
Конфликтот избувна во кампот Акабат Џабр во близина на Ерихон за време на апсењето на осомничените за кои се вели дека биле вмешани во неодамнешниот обид за вооружен напад врз ресторан во еврејска населба.
Израелската страна тврди дека двајцата убиени се поврзани со обидот за напад и дека биле членови на екстремистичкиот Хамас.