Памела Андерсон призна дека постои хемија меѓу неа и познатиот актер: Имавме среќа

Канадско-американската актерка Памела Андерсон проговори за хемијата што се појави меѓу неа и нејзиниот колега Лиам Нисон за време на снимањето на филмот „Голиот пиштол“.

Иако има богата актерска кариера, таа призна дека се плашела од соработката со Нисон.

„Тој имаше неверојатна кариера и чувствувам дека штотуку почнувам, па сум малку несигурна, но потоа пеперутките ми исчезнуваат од стомакот и тогаш, ете ме“, рече таа. Кога ја прашале дали направиле нешто за да се зближат надвор од снимањето, таа одговорила:

„Поминавме толку многу време заедно, постои еден вид природна хемија. Не знам дали тоа секогаш се случува, но имавме среќа.“

Нисон изјави дека нејзините кулинарски вештини го подобриле нивниот приватен однос. Ве потсетуваме дека Андерсон неодамна страсно го бакна во образ додека позираа на црвениот тепих.

Снимката од овој интимен момент предизвика реакции. Многумина веруваат дека се во романтична врска.