Памела Андерсон се мажела 5 пати, а сега споделила таен трик: „Ако му го кажеш ова на момчето, во рок од 6 месеци ќе те запроси“ (фото)

Таа беше сон на многу мажи, а многумина и ја запросија. Памела Андерсон еднаш откри како успева да ја запроси речиси секој маж со кој е во врска.

Во својот документарен филм „Памела, љубовна приказна“, Памела објаснила што, покрај нејзиниот секси изглед, е „нејзината тајна“ и дека мажите секогаш ја гледале како „материјал за брак“.

Златното правило на Памела, кое се исплатело секојпат
„Најдобар начин да се омажиш е да му кажеш на некого: „Никогаш нема да се омажам за тебе“, така сигурно ќе се омажиш за таа личмост, тој ќе те запроси“, рече Памела.

Американскиот модел Марина Њуман објави видео на TikTok во кое зборува за тоа како почнала да го применува „Златното правило на Памела“ и дека имала позитивно искуство. Како што објаснила, во рок од два месеци одела на неколку состаноци со мажи и на секој од нив ја кажала истата реченица.

„Вие сте слатки, тоа е одлично, но во моментов сакам само приказна која води до брак и едноставно не гледам дека ова станува нешто сериозно“, им велела таа на мажите, а потоа објасни како функционираат овие зборови кај нив.

„Можеби мислите дека повеќето мажи би побегнале од оваа изјава без оглед на тоа, но не. Се случува спротивното. Одбивањето му прави нешто на нивниот мозок. Наместо да мислат: „Таа сака сериозна врска, јас треба да си одам одовде. Нивниот мозок им вели: „Таа сака сериозна врска, сега треба да се трудам повеќе од кога било“, истакна таа.