Памела Андерсон долги години ја освојува титулата најголем секс симбол на сите времиња.
Популарната актерка која стана миленичка на јавноста со улогата во Baywatch, и на 56-години внимава да не го занемари имиџот.
Во последно време таа е во центарот на вниманието, со откритијата кои ги направи за нејзиниот живот во новиот документарен филм на Нетфликс, но и во нејзините мемоари, предизвикувајќи реакции.
Актерката даде интервју за магазинот „Интервју“ и проговори за сето ова. Суровото однесување со кое се соочи во филмската индустрија, како „преживеа“ во Холивуд, но и огнените љубови кои ги доживеала.