Нема смисла да се очекува да се исполни секој став, аспект или кој било друг вид на обврска за да можеме да кажеме дека сега можете да станете членка на ЕУ. Многу е подобро да ги вклучиме нашите партнери каде што веќе ефикасно придонесуваат, учествуваат и на тој начин ги уживаат придобивките на ЕУ. Односно, се работи за постепена интеграција. Можеби 2030 година за некои е прерано, додека за други можеби е предоцна. Но, важно е да се има предвид каде одиме, да продолжиме и да забрзаме, вели во интервју за Рацин.мк австрискиот амбасадор во Скопје, Мартин Памер.
Амбасадорот Памер открива повеќе детали за документот „Забрзување на постепената интеграција за Западен Балкан“ што минатата недела му го достави на вицепремиерот одговорен за европски прашања Бојан Маричиќ. Нон-пејперот, кој беше доставен во име на Австрија до претставниците на ЕУ и врвните институции, се совпадна со неформалниот самит на ЕУ во Гранада, на кој проширувањето беше една од двете централни теми заедно со мигрантската политика, тој препорачува забрзување на пристапот на Западен Балкан процес кон ЕУ, односно за постепено пристапување.
„Поедноставно кажано, ова значи да им овозможиме на нашите партнери од Западен Балкан, имено од Северна Македонија, да учествуваат со поголемо вклучување во некои програми и форуми на ЕУ, каде што можат да учествуваат и каде што има смисла. Тоа практично значи подобрување на процесот на евроинтеграции“, нагласува Памер.
Тој нагласува дека „досега процесот се засноваше на исполнување на обврските од едно во друго поглавје, кое беше главно бавно со мали резултати од перспектива на граѓаните“.
„Сега сакаме да го забрзаме тој процес. Зошто? Затоа што сега зборуваме за целосно изменета геостратешка ситуација во Европа, но најмногу и поради тоа што нашите партнери во регионот, поточно Република Северна Македонија, заслужуваат да бидат дел од ЕУ“, нагласи Памер.
Амбасадорот на Австрија во земјава се согласува дека документот со кој се препорачува забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија е поврзан со предупредувањето за новото проширување на ЕУ во 2030 година.