Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Бали во петокот во 09:55 часот по локално време.
Според EMSC, тој бил на длабочина од 596 километри, 129 километри североисточно од Пати, Индонезија и 87 километри северозападно од Тубан, исто така во Индонезија.
„Беше многу почувствувано, траеше околу една минута. Се тресеа врати, кревети, водата во базенот… Прилично страшно“, ова се само дел од коментарите на оние кои го почувствувале силното тресење.