Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ на секој начин се обидуваат да го решат проблемот со дивоградбата на парцелата во сопственост на Град Белград, која се наоѓа веднаш до нивната куќа на Бежаниска коса, а на која до пред некој ден тие граделе нова станбена зграда.
Познатиот пар и официјално бил спречен од инспекторатот да гради вила бидејќи немале соодветна дозвола за тоа, како што пишуваше Курир претходните денови. Како што се дознава од извор близок до семејството, пејачката насекаде бара начин да го реши проблемот за да може да ја заврши луксузната палата. – Настана голема гужва. Брена и Боба не знаат што ги погоди. Мислеа дека ќе ја решат документацијата дури кога ќе ја завршат зградата. Сакаат да го купат тоа земјиште од Градот. Мислам дека им недостигаат три важни документи за да можат занаетчиите да продолжат со својата работа. Брена ги повикала сите нејзини пријатели да им помогнат во оваа ситуација. Се се искомплицира, градилиштето е затворено и се шушка дека градат диво. Веројатно ќе се најде решение. Од понеделник ќе се знае дали ќе треба да ја рушат куќата или не, вели извор близок до семејството.
Оваа афера ја разоткри екипата на емисијата „Папарацо лов“ кога снимила како занаетчии вршат работа на земјиштето кое според весниците е државна сопственост. И други медиумски екипи веднаш излегоа на терен и се уверија дека се работи за дивоградба, а тоа се докажува со тоа што во јавно достапни документи на веб-страницата на Републичкиот геодетски завод нема градежна дозвола за објектот.