Пратениците во Европскиот парламент во Стразбур денеска беа предупредени да не пијат вода од шишињата што се делат, откако на некои луѓе им се слоши и постои сомневање за контаминација, пренесува index.hr.
„Од вас се бара да не пиете од шишиња со вода во просториите на ЕП во Стразбур“, се вели во итна СМС порака испратена до илјадници политичари и персонал.
Пораката содржи и контакт број за итна медицинска помош „во случај на изложеност“, а се наведува дека шишињата биле дистрибуирани и во канцелариите на претседателката Роберта Мецола. Прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека надлежните се информирани за сè.
,,Во тек се проверки“, напишаа од прес-службата.
„Пораката е испратена како мерка на претпазливост“, додаваат оттаму.
Официјален претставник на ЕУ рече дека неколку луѓе се разболеле, но се опоравиле откако испиле флаширана вода, пренесува Политико.
„Добро што останав на виното“, се пошегува еден функционер на ЕУ.
Зградата во Стразбур долго време има проблеми со безбедноста на водата за пиење, но најчесто тоа е водата од чешмите, пишува „Политико“.
Во 2021 година, починатиот претседател на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, ја отфрли идејата дека се заразил со легионерска болест од вода од зградата на Европскиот парламент во Стразбур.
Во четвртокот заврши овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур.