Амбасадата на Финска во Москва соопшти дека добила плик со бел прав и го предала на надлежните за истрага, заедно со уште два неотворени плика, соопшти синојка портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според нејзините зборови, објавени на веб-страницата на Министерството, Амбасадата на Финска пријавила три идентични коверти адресирани до финскиот воено аташе, кои биле пронајдени во поштенското сандаче на амбасадата. Едниот плик бил отворен и внатре бил пронајден бел прав, а другите два останале неотворени.
– Сите три пликоа дипломатската мисија им ги предаде на руските органи за истражување – напиша Захарова.
Инцидентот се случи помалку од две недели откако Финска стана членка на НАТО алијансата.
Финска, која дели 1.340 километри копнена граница со Русија, одржува политика на неутралност од крајот на Втората светска војна, но поднесе барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година.