ПАНИКА ВО НАЈГОЛЕМИОТ ГРАД ШТО ГО ОСВОИЈА РУСИТЕ – Радијацијата драстично се зголемува: “Ова е многу опасно, ја знаеме причината“

Нивото на радијација во јужниот украински град Мариупол, кој беше срамнет со земја од руските сили во месеците по почетокот на инвазијата на Украина и оттогаш е под контрола на Москва, е 15 пати поголем од она што се смета за безбедно, изјави официјален претставник од украинските власти.

Руските социјални мрежи го припишуваат зрачењето во областа околу плажата Пишчањи во Мариупол, во близина на пристаништето на градот, на силна бура што неодамна го зафати регионот на Црното Море, измивајќи го горниот слој на почвата и оставајќи отворен слој ториумски песок. Ториумот, инаку, е радиоактивен хемиски елемент од актиноидната група.

Сепак, Петро Андриушченко, советник на прогонетиот украински градоначалник на град окупиран од Русија, во објава на социјалната мрежа Телеграм во вторникот кажа дека тоа не е причината.

Тој го припиша наводниот пораст на радијацијата на руските бомбардирања и ракетните напади врз градот. 

Вистинската причина за високото ниво и изложеноста на песокот не е невремето, туку руската окупација“, вели тој, според Newsweek, кој не може самостојно да ги потврди тие информации, ниту пак какво е вистинското ниво на радијација во областа.

руски војници на плажа во Мариупол

Влијателен руски профил на социјалната мрежа Телеграм во понеделникот објави дека жителите на Мариупол би можеле да бидат изложени на „потенцијално опасни нивоа на радијација“ по бурата што го опустоши регионот на Црното Море во последните денови.

Морето го однесе најголемиот дел од обичниот песок на плажата во градот и откри црн слој ториум, пишуваат руските профили на Телеграм, за кој се верува дека се поврзани со руските безбедносни служби.

Украинскиот градски совет на Мариупол соопшти дека радијацијата на плажата е четирикратно зголемена, додавајќи дека песокот што го покрива слојот од ториум бил измиен од вода. 

Ториумскиот песок е природен дел од Азовското крајбрежје“, објави украинскиот совет.

Не е познато какви би можеле да бидат можните здравствени или еколошки ефекти од таков настан. Светската нуклеарна асоцијација (WNA) со седиште во Лондон го опишува ториумот како „природен, благо радиоактивен метал“ кој се наоѓа во мали количини во повеќето карпи и почви.

Ториумот е многу нерастворлив, поради што го има во изобилство во песок, но не и во морската вода“, наведува оваа организација која ја промовира нуклеарната енергија.

Мариупол беше првиот голем град кој падна во рацете на руските сили во првите месеци од војната. Пристанишниот град во југоисточна Украина брзо беше опколен од руските сили пред да биде заземен во мај минатата година. Украинските војници пружаа отпор и поминаа месеци опколени во огромната градска железарница „Азовстал“. Градот тогаш се сметаше за симбол на жестокиот украински отпор, но беше изложен на силни бомбардирања и ракетни истрели и претрпе огромна штета.

Ако некој го измери нивото на радијација во Азовстал во овој момент, како и го анализира составот на почвата и прашината што ги носи ветрот околу градот и дождот во морето, сликата ќе стане навистина апокалиптична“, изјавуваат официјалните лица.

Со летната контраофанзива, која започна на почетокот на јуни, Киев се надеваше дека ќе го расчисти патот низ утврдените руски позиции во јужна Украина сè до Мариупол и Азовското Море. Сепак, напредувањето беше многу бавно со неколку прилагодувања на линијата на фронтот, па Мариупол остана под контрола на Кремљ.

војнаМариуполрадиацијаРусијаУкраина