Експлозија одекна во понеделникот во близина на романскиот крајбрежен град Костинести, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци и службите за итни случаи.
„Се верува дека станува збор за руска противбродска мина“, изјави портпаролот на романската морнарица за телевизијата Digi24.
Цивилната заштита соопшти дека нема повредени.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, романската морнарица оневозможила пет руски мини во Црното Море, тврди портпаролот.
Костинести е многу популарна туристичка дестинација на Црното Море, на околу 250 километри источно од Букурешт.
Според властите, експлозијата се случила на насип во близина на хотелот.
По експлозијата се кренал црн чад, изјавил очевидец кој го следел инцидентот од терасата на хотелот, пренесе Digi24.