ПАНИКА ВО РУСИЈА – Владимир Путин свика итен состанок во Кремљ: Руската национална валута е уништена !?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, за денес свика итен состанок со одговорните функционери откако зголемувањето на референтната каматна стапка на 12 отсто не го спречи слабеењето на рубљата.

Оваа информација ја објави угледниот Financial Times (FT), повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата во Кремљ.

На средбата рускиот претседател ќе ги разгледа предлозите на Министерството за финансии на Русија за зајакнување на девизната контрола.

Според извори на Financial Times, Министерството за финансии на Русија предложило руските извозници да се обврзат да продадат до 80 отсто од нивната девизна заработка во рок од 90 дена од испораката. На компаниите кои нема да ги почитуваат овие услови ќе им бидат одбиени државните субвенции, пишува весникот.

Исто така спред достапните информации, предложени биле и забрана за исплата на дивиденди и издавање заеми на лица лоцирани надвор од Русија, укинување на увозните субвенции и намалување на износот на девизи што извозниците можат да ги изнесат од Русија.

Владимир ПутинекономијаполитикаРусија