ПАНИКА НА КАРИБИТЕ – Силен земјотрес ја погоди Јамајка, се почувствувал дури до САД!

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Јамајка. 

Земјотресот се случил во близина на заливот Хоуп, на околу 30 километри од главниот град Кингстон, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, објави Американскиот геолошки институт, пренесува AP News.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, но земјотресот предизвикал паника кај локалното население, наведува американската медиумска агенција. Земјотресот е почувствуван и на Бахамите, Хаити, Куба и САД.

земјотресЈамајка