Папата Франциск повеќе не е во животна опасност, соопштија лекарите откако тој помина три недели во болница во Рим поради бронхитис.
Сепак, тоа не значи дека 88-годишниот папа е здрав. Лекарите се уште се претпазливи и решиле да го задржат уште неколку дена во болница на лекување, а ќе мора да помине и период на рехабилитација пред да се врати на обврските.
Лекарите велат дека папата бавно и постепено напредувал, но и дека сè уште не закрепнал целосно. Останува да видиме кога ќе може да се врати во Ватикан и дали ќе мора да добие дополнителен кислород.
Ватикан, исто така, објави дека понтифот денеска продолжил со физичка и респираторна физиотерапија.
Лекарот рече дека доаѓањето на пролетта би требало да помогне во рехабилитацијата на 88-годишниот папа.