Папата Лео, Трамп и кралот Чарлс им честитаа на Украина за Денот на независноста

Володимир Зеленски го помина утрото заблагодарувајќи им се на разни светски лидери за нивните пораки за поддршка на Денот на независноста на Украина.

Претходно, украинскиот претседател откри писмо што му го испратил на кралот Чарлс, во кое британскиот монарх вели дека чувствува „најголемо и најдлабоко восхитување за храброста и непоколебливиот дух на украинскиот народ“.

Украинскиот претседател, исто така, сподели писма од папата Лав и од американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Телеграф“.

Осврнувајќи се на тековната војна во својата порака, папата Лав вели дека се надева дека „викот на оружјето ќе биде замолчен и ќе отстапи место на дијалогот, отворајќи го патот кон мирот“.

Трамп слично вели дека „сега е време да се стави крај на бесмислените убиства“, повикувајќи на „договорено решение кое ќе доведе до траен мир кој ќе го прекине крвопролевањето и ќе го заштити суверенитетот и достоинството на Украина“.