Папата Франциско им изрази сочувство на семејствата на жртвите во пожарите што ги зафатија Хаваите

Папата Франциско изрази сочувство поради загубата на животи и уништувањата предизвикани од шумските пожари на Хаваите.

Папата Франциско е длабоко ожалостен од сознанието за загубата на животи и уништувањата предизвикани од шумските пожари на хавајскиот остров Мауи“, се вели во телеграмата на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин испратена до апостолскиот нунциј во САД, надбискупот Кристоф Пјер, пренесува Vatican News.

Папата Франциско, исто така, ја изрази својата солидарност со сите кои страдаат од оваа трагедија, особено на тие чии најблиски починаа или се исчезнати.

Папата ФранцископожартрагедијаХаваи