Папата Франциско денеска изјави дека „сексуалното задоволство е дар од Бога“, но ги повика католиците да избегнуваат порнографија, пишува „Гардијан“.
„Сексуалното задоволство е нешто што треба да се негува, но тоа е поткопано од порнографијата. Задоволството без врска може да создаде форми на зависност“, рече Папата, пренесува Телеграфи.
Тој додаде дека љубовта мора да се заштити и дека „победата во војната против страста може да биде доживотен напор“.
Медиумите објавија дека папата одговарал на критиките од конзервативните критичари, откако минатата недела повторно се појави на продажба сексуално експлицитна книга напишана пред неколку децении од шефот на ватиканскиот доктрински оддел, Виктор Мануел Фернандез.
Книгата на аргентинскиот кардинал близок до папата Франциско, меѓу другото, вклучува и поглавје во кое се опишуваат разликите помеѓу машкиот и женскиот оргазам.
Одговарајќи на критиките, Фернандез рече дека сега „дефинитивно“ нема да напише таква книга.