– Во ниту една војна нема вистински победници, рече денеска папата Франциск при посетата на Римските воени гробишта, мислејќи на конфликтите на Блискиот Исток и Украина.
Папата користеше инвалидска количка за да ги помине надгробните споменици и да положи цвеќе на гробиштата каде се чуваат посмртните останки на војниците на Комонвелтот кои загинале во Италија за време на Втората светска војна.
Годинава папата ги избра овие римски гробишта за да отслужи миса во спомен на починатите на Задушница( Ден на мртвите).
-Војните се секогаш пораз, секогаш. Никогаш нема целосна победа. Едната страна ја поразува другата, но зад неа секогаш има пораз и цена што мора да се плати, рече папата во импровизирана проповед за време на мисата на гробиштата, на која присуствуваа неколку амбасадори на Комонвелтот.
Светиот Отец повика на прекин на огнот во Газа и создавање хуманитарни коридори за олеснување на страдањата на нејзините опколени жители.
Тој, исто така, повика на решение со две држави за блискоисточниот конфликт, а кажа и дека Израел има право да се брани од напади и го осуди подемот на антисемитизмот ширум светот.