Параглајдер упадна во вртлог, завршувајќи на висина од 8.500 метри: Видеото од замрзнатото тело ги шокираше сите

Драматичната приказна е снимена во саботата во северозападна Кина. Неименуваниот параглајдерист скокнал од планина висока 3.000 метри, но неочекувано паднал во вртлог и завршил на 8.500 метри!

Потоа се соочил со екстремни услови – температура од околу -40 степени Целзиусови и критично ниско ниво на кислород, објавува „Њујорк пост“.

Тој не ја изгуби свеста

Чудесно, тој останал свесен цело време и продолжил да комуницира со контролата преку радиостаницата.

Неговата камера снимила сè, па го гледаме несреќниот човек како „лебди“ меѓу облаците, додека облеката и лицето му се покриени со мраз.

Вакви инциденти се случиле и претходно, кога луѓето завршиле на надморска височина од 6.000 до 7.000 метри, но малкумина преживуваат такви екстреми.

Властите започнаа истрага

„Чудо е што не умре. Неговата ментална отпорност беше извонредна“, објавија локалните медиуми.

По некое време, човекот слета и беше однесен во болница, каде што лекарите дијагностицираа тешки смрзнатини. Тој имал важечка дозвола за параглајдинг, но наводно не го доставил потребниот план за лет во саботата.

Властите истражуваат дали се прекршени прописите.