Пари Сен Жермен (ПСЖ) е подготвен да го продаде Килијан Мбапе ова лето, но само под еден услов.
Раководството на шампионот на Франција реши да ја пушти ѕвездата на клубот само доколку некој плати 250 милиони евра.
Килијан Мбапе играше минатиот викенд и постигна гол од пенал во ремито со Тулуз, а потоа најави дека може да остане во Париз.
Сепак, се појави веста дека Реал Мадрид подготвил понуда од 120 милиони евра, за да го доведе до крајот на преодниот рок.
Како што пренесува весникот AS, ова предизвика реакција на парижаните, кои се уште се надеваат дека францускиот репрезентативец ќе го продолжи договорот и затоа решиле да ја зголемат цената и сега бараат астрономски 250 милиони.
Тешко дека Реал Мадрид или некој друг сега ќе биде подготвен да плати таква цена, а јасно е дека Килијан Мбапе не сака да замине во Саудиска Арабија.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се очекува да му даде шанса да стартува од стартот следниот викенд на натпреварот на „Паркот на принцовите“ против Ленс.