Паризерот и „мајонезот“ се минато, време е за нешто слатко! Вучиќ се пофали како прави палачинки: „Нема да придонесе за мојот изглед…“ (Видео)

Која е причината? Се прават подготовки за пристигнување на гости на саемот за вино

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави видео на кое прави/пече палачинки. Причина? Се прават подготовки за пристигнување на гостите на саемот за вино.

„Ова е мој обид да се подготвам за прием на голем број гости од странство за утрешниот саем на вино. Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но среќен сум, сигурно“, напиша Вучиќ во описот на видеото во кое во бела кошула, црн џемпер и рави/пече палачинки со бела престилка врзана околу половината.

Да потсетиме, на почетокот на годинава Вучиќ објави видео на кое јаде паризер, откако изјави дека паризерот е нешто што народот го сака и затоа неговата влада ги ограничи цените на овој производ. Својот сендвич го збогатил со мајонез.