Толпата, која ги блокираше влезовите чекорејќи пред вратите на музејот, носеше транспаренти на кои пишуваше „Пензионирајте се на 60. Работете помалку за да живеете подолго“ и „Нема да отстапиме“.
Во Париз, главниот град на Франција, работниците од секторот на културата ги затворија влезовите во музејот Лувр како одговор на контроверзната реформа на пензискиот систем, јавува Анадолу.
Работниците се собраа пред музејот со синдикални знамиња во рацете. Толпата, која ги блокираше влезовите чекорејќи пред вратите на музејот, носеше транспаренти на кои пишуваше „Пензионирајте се на 60. Работете помалку за да живеете подолго“ и „Нема да отстапиме“.
Франција се соочува со постојани демонстрации од 16 март, кога францускиот претседател Емануел Макрон и премиерката Елизабет Борн решија да ги искористат уставните овластувања за да го усвојат Законот за пензиски реформи без одобрение од Парламентот.
За време на протестот дојде до насилство и вандализам.
Со реформите се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се оствари правото на целосна пензија. Планот предизвика гнев во јавноста откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.
Повеќе од 1.000 луѓе се приведени за време на протестите низ земјата од 16 март.