На предлог на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра петтемина нови заменици на министри во Владата:
Тирон Јајага, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,
Викторија Аврамовска-Мадиќ, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда,
Вјолца Бериша, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
Маја Манолева, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство и
Агим Нихиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука.
Со изборот на замениците на министри во Владата на Република Северна Македонија заврши повеќедневната дебата во Собранието на Република Северна Македонија за разрешувања и избор на нови министри и заменици на министри.
„Владата ќе продолжи уште поефикасно да ги спроведува реформите во интерес на граѓаните, по трасираниот, европски пат“, порача премиерот Ковачевски. Сите чекори на Владата, рече премиерот Ковачевски, се и ќе бидат во функција на напредокот на државата и на добрата иднина на граѓаните и апелираше на совесно носење зрели одлуки во Парламентот, во насока на европските перспективи.