Фактурите за топлинска енергија за грејна сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на месеците јануари, фавруари, март и април ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите кои се однесуваат на месеците октомври, ноември и декември, ќе бидат вкалкулирани и ќе го намалат износот на потрошениот реален надоместок за грејната сезона.
Износот на субвенциите односно финансиската поддршка за секој потрошувач е прикажана во фактурата за секој месец пооделно и го намалува износот на надоместокот за топлинска енергија по мерач.
Финансиската поддршка, ќе обезбеди намалување на израмнителните сметки во месеците мај, јуни и јули, кога потрошувачите ќе го почувствуваат бенефитот од мерката.