Одржувањето на квалитетна и стабилна врска не се темели на совршенство, туку на секојдневни навики што партнерите ги усвојуваат за полесно да ги прифатат разликите меѓу нив и да создадат чувство на блискост. Паровите кои остануваат заедно долго време не ги избегнуваат проблемите, туку учат да ги решаваат на смирен и промислен начин.
Успешната врска бара труд, но кога одредени здрави навики стануваат дел од вашата секојдневна рутина, заедничкиот живот станува попријатен и поотпорен на кризи. Ова се видовите навики кои, според советничката Мици Бокман, често ги практикуваат парови кои веројатно нема некогаш да се разведат.
Тие прават пауза кога работите ќе се затегнат.
Кога однесувањето на вашиот партнер почнува да се чувствува премногу иритирачко, корисно е привремено да се дистанцирате, вели советникот.
,,Наместо да реагираат со лутина, среќните парови знаат кога им е потребен простор. Без разлика дали станува збор за одење во друга соба, прошетка или слушање музика (со слушалки), создавањето физичка дистанца често ја намалува тензијата и спречува непотребен конфликт“, објасни таа за YourTango.
Тие не ги потиснуваат фрустрациите.
Наместо да молчат и да чуваат негодување, успешните парови отворено зборуваат за тоа што ги мачи, но само откако ќе се смират.
„Наместо да обвинуваат, тие опишуваат како одредено однесување влијае врз нив емоционално, што им овозможува на нивниот партнер да одговори без да биде дефанзивен. Овој пристап поттикнува разбирање и решавање проблеми наместо расправии“, вели Бокман.
Тие покажуваат меѓусебно разбирање
Среќните парови знаат дека никој не е совршен.
„Наместо да се гледаат еден со друг како извор на фрустрација, тие си потсетуваат дека повеќето навики не се намерно насочени против нивниот партнер. Тие препознаваат дека имаат свои недостатоци и грешки и се подготвени да покажат толеранција и да ѝ дадат простор на другата страна“, заклучува советникот.