– За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти вечерва белградскиот клуб.
Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра.
Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот.
Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград.
Четвртфиналната серија се игра до три победи.