Партизан изненади – специјален дрес за 80 години постоење

Фудбалскиот клуб Партизан на новогодишниот коктел го претстави новиот дрес што играчите ќе го носат во наредниот период.

Клубот од Хумска ќе слави 80-годишен јубилеј, а една од главните цели на фудбалерите на Партизан ќе биде освојување трофеј во вториот дел од сезоната и прекинување на постот од 2019 година, кога црно-белите го кренаа Купот на Србија за последен пат.

Партизан по првиот дел од сезоната има дури 17 бода помалку од Црвена звезда која е на првото место во српската Суперлига.

Црно-белите треба да ги предводи нов тренер во пролетната сезона, а името на новиот тренер на Партизан според најавите треба да биде познато до првите денови од новата година.

Тимот од Хумска на последните пет натпревари во есенскиот дел од сезоната го предводеше Марко Јовановиќ.