Граѓани во Илинден блокираа автобус, бидејќи како што тврдат, ЈСП промени траса на автобус број 66 затоа што немало доволно за друга линија за другите населени места во овој регион во општините Илинден и Газибаба.
Снимката ја испратија револтирани патници затоа што наместо директно кон нивните домови во Дељадровце, Бујковци и други села тие ќе мораат да се возат по други места, надвор од редовната траса и по половина час до 50 минути повеќе.
Патници застануваа и пред автобусот за да го изразат револтот поради одлуката.
Автобусите 66 и 66А возат од Транспортниот центар кај скопската Железничката станица до крајните станици Бучинци и Дељадровце.
Од Транпортен до Дељадровце (оддалечено 20-тина километри од Скопје, во близина на рафинеријата во Миладиновци) редовниот круг и време на патувањр изнесува 67 минути според возниот ред на ЈСП. Со промената на трасата, времето на патување се зголемува за 60 проценти.