Една патничка доцнела на својот лет на аеродромот во Канбера, па решила да оди по пистата мислејќи дека ќе може да се качи.
– Изгледа мислеше дека сепак може да се качи во авионот – изјави очевидецот Симон Халеп.
Таа се обиде да го запре летот на QantasLink кој летал за Аделаида.
Таа го прекршила секое можно безбедносно правило и викала по пилотот за да му го привлече вниманието.
– Луѓето беа шокирани, таа практично сакаше да скокне во авионот, сите се прашуваа дали некој ќе ја спречи – изјавил друг патник Денис Билиќ.
За среќа, австралиската полиција го извела патникот од пистата.
Поради необичен инцидент летот доцнел 10 минути.
Нешто слично се случи и во јули, кога патник на летот за Бангкок побара од пилотот да го сврти авионот бидејќи ја оставил торбата на аеродромот во Чианг Маи.