Драма над Словенија, патнички авион кој летал за Родос имал блиска средба со НЛО!? Пилотот панично барал помош од контролата на летови, аудио снимка од целиот разговор

Пилот на патнички авион во саботата имал необична средба на небото над Словенија која не можел да ја објасни, па повикал помош од службата за контрола на летот.

Имам едно необично прашање – Дали можеби има воен авион на приближно 40 или 50 милји од нас на позиција од еден или два часот“, прашал пилотот на патничкиот авион на авио-компанијата TUI Airways во саботата попладне, пренесуваат тамошните медиуми.

Авионот кој полетал од аеродромот „East Midlands“ во Велика Британија во 15:45 часот по локално време на пат кон грчкиот остров Родос, тоа попладне се нашол под зрак на силна светлина. Пилотот не можел да ја објасни оваа појава, па побарал помош од службата за контрола на летот мислејќи дека можеби станува збор за воен авион.

Меѓутоа, службата за контрола немале информации за воени авиони на таа позиција, а она што го опишал пилотот тешко може да се поврзе со некое летало управувано од човек.

Во моментов има силна светлина што сјае кон нас. Непосредно пред да стапам во контакт со вас, таа светеше кон нас, потоа одеднаш исчезна и почна да трепка“, снимката од нивниот разговор ја објави веб-порталот 24ur.com.

Минатата недела, темата за НЛО беше главна во најголемите светски медиуми поради американскиот Конгрес кој сослуша неколку сведоци за наводна средба со вонземјани, меѓу кои и Дејвид Фрејвор, поранешен командант на морнарицата на САД, кој јавно го раскажа својот случај од 2004 година, кој е сличен на овој словенечки.

И во тој случај од 2004 година, објектот што тој го забележал се движел на начин што ги збунил пилотите, а американската Армија го потврди случајот дури во 2019 година, две години по објавувањето на видеото.

Технологијата со која се соочивме беше далеку подобра од она што го имавме, што го имаме денес или сакаме да го развиеме во следните 10 или повеќе години“, кажа Дејвид Фрејвор за време на сослушувањето од минатата недела.

авионнебоНЛОСловенија