Поранешниот шпански репрезентативец и НБА- ѕвезда Пау Гасол ги именува своите фаворити за освојување на Светското првенство во 2023 година.
– Мислам дека треба да почнеме со актуелниот шампион, шпанската репрезентација, која исто така е на врвот на ранг-листата на ФИБА. Следни се САД, тие се број два. Потоа број три. Тука треба да изберете помеѓу Франција и Словенија. Ова се моите прогнози околу трофејот. Но се зависи од тоа во каков состав ќе настапа репрезентациите, изјави Гасол.
Светското кошаркарско првенство годинава ќе се одржи од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипини.