Пациентите со механичка потпора на срце примаат терапија стара повеќе од половина век, која одамна не се употребува никаде во светот. Иако деновите од животот им се бројат, а секој ден и гледаат на смртта во очи,државата нема слух да го набави за нив толку потребниот лек ентресто.Додека ние умираме, парите оддржавната каса се трошат за луксузи-потиштени се од здружението “Храбро Срце”.Пациентите сами се снаоѓаат како знаат и умеат само за да дојдат до лекот ентресто.
“ Во Македонија се применува купена од странство, шверцувана од странство, нелегално донесена. Тука во Македонија ја нема. Не е толку скапа, еднакво е скапа колку и оние лекови кои што ги примаме сега ,но е многу квалитетна, далеку поквалитетна и далеку повеќе позитивнирезултати се добиваат со неа.Велите шверцувана,во аптеките ги продаваат тие лекови шверцувани или? Кој како ќе се снајде некои одиме во странство, во Србија можеш да ги купиш,можеш во Албанија, можеш секаде само во Македонија ентрестото не е дозволено”-вели Претседателот на здружението “Храбро Срце” , Васко Јолески
Пумпите кои кај 20-те пациенти ја заменуваат работата на срцето,откажуваат и се во критична состојба. Само последнава година 6пациенти ја изгубија шансата за живот,а нас веќе две и пол години не залажуваат со празни ветувања. На 26-ти октомври лани Владината комисија за човечки ресурси го задолжила ресорното министерство да им излезат во пресрет на пациентите,но и понатаму се оглушувале на нивните апели за помош,додека прават стани-седни на министерската фотеља.
” За сега последно да добиеме на ден пред распуштање на владата односно формирање на онаа влада која што треба да ги спроведе изборите одговор дека сега ќе му упатат барање на министерството за здравство сериозно да ја сфати работата и сериозно да се зафати со тој проблем.Значи ова што ни го прават нас не е ништо повеќе од предизбирна кампања “ –вели Јолески
Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 26годишна возраст. До сега во Македонија не е направена нити една замена на вештачка пумпа со срце од донор.Затоа бараме да се набави лекот енстресто, да се укине партиципацијата за одржување и сервис на уредите како и за сите здравствени услуги поврзани со болеста кои никаде во светот не се плаќаат. Секој ден ни е измачување,на овој начин нас само ни се одложени маките.Без наша воља ни имплантираа ваков уред, а не ни кажаа дека потоа ќе е многу тешко за трансплантација на срце.Во тој случај сами ќе одлучевме дали да чекаме трансплантација но штом ни ги ставија, медицинската етика им налага да најдат решение за нас-вели Јолески.