Како што дознаваат српските медиумите, а како што најави и самиот српски претседател Александар Вучиќ, државата во наредните денови ќе тргне во жестока и безмилосна борба против корупцијата.
Обвинителите низ Србија се подготвени за широка кампања за апсење, која ќе започне во среда.
Според пишувањата на медиумите, јавноста ќе биде изненадена бидејќи меѓу уапсените во оваа обемна акција ќе има и истакнати имиња од светот на политиката и бизнисот.
Нема да има исклучоци, без разлика од кој ранг доаѓаат, ниту кај некои од самиот врв на власта, кои се збогатувале на државна сметка или на кој било начин ги прекршиле законите во минатото.