Па, ова видео е хаос! Цела Турција бруи за сцената на Ердоган со телохранителот! (ВИДЕО)


Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла, стана хит на социјалните мрежи.

Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време е следен од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата.


Турскиот лидер застана и почна лесно да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.

По завршувањето со средувањето на косата, Ердоган му го предаде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи насмеан да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкаја.

Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од основањето на Уставниот суд.


Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, да потсетиме, остана без зборови кога неодамна на аеродромот во Анталија случајно налета на лидерот на Република Српска Милорад Додик.