Еден од најдобрите моменти за да се долови моментот на свршувачката е фотографирањето, за да имаме сеќавање за цел живот.
На ваквите фотографии најчесто можете да видите среќен пар со прстен во преден план, но се случува и младиот човек да не успее правилно да ја процени големината на прстенот што би одговарала на неговата идна вереница.
Токму тоа и’ се случи на една девојка, а бидејќи сакаше совршена фотографија, за среќа со себе ја имаше најдобрата пријателка.
Во вирално видео на ТикЅок, парот опиша како нејзината најдобра пријателка ја ,,спасила” нивната свршувачка фотографија. На снимката беше прикажано како пријателката, која стоеше надвор од кадарот, ја испружи раката пред свршената девојка, со дијамантски веренички прстен за сите да мислат дека прстенот е нејзин. Фотографиите изгледаа многу веродостојно и беспрекорно, а многу корисници тврдеа дека немаше сами да забележат ништо необично или различно доколку парот не кажеше за што се работи.
– „Да не ги гледав овие сцени зад камерата, никогаш немаше да знам за што станува збор. Одлично“; „Па, таа дури и се насмевна за сликата, симпатична!“; Се надевам дека ќе ти биде кума на твојата свадба“, напишале корисниците.
Парот подоцна објави дека може да го замени прстенот, а импровизираните фотографии засекогаш ќе останат како прекрасен спомен.