ПЕАЧКА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА Транспортирана во Клиничкиот центар – се здобила со тешки повреди

Танцувачката и пејачка ѕвезда од 90-тите беше брутално претепана од непознати сторители во недела навечер, од 14 до 15 септември, околу 2 часот наутро во Нови Загреб, на влезот на Караман, како што потврди нејзиниот долгогодишен менаџер Сенад Хасиќ.

За инцидентот веднаш била известена загрепската полиција. Според достапните информации, двајца непознати мажи прво ја нападнале вербално, а потоа и физички.

Менаџерот на Супер Силва изјави дека напаѓачите ѝ се заканиле на пејачката со смрт, поточно ѝ рекле дека ќе ја убијат во нејзиниот стан и ќе ја фрлат низ прозорецот.

Тaa нема да дава изјави бидејќи се плаши од напаѓачите

Силвија, која се здобила со тешки повреди во нападот, добила медицинска помош во Клиничкиот болнички центар во Загреб.

Иако медиумите се обидоа да стапат во контакт со неа, таа одби да даде изјава од страв од напаѓачите.