Пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ по 14 години ставија крај на бракот, а оваа вест ги шокираше сите кои ги познаваат.
На оваа тема зборувала и пејачката Ивана Шашиќ која како што вели не го очекувала ова.
– Никогаш навистина не помислив на тоа! Пеев на раѓањето на Мануела во Виена, пред 22 години. Го познавам и Тони, всушност го запознав пред Драгана . Живеев во Виена, го познавав и неговиот татко. Но, навистина не го очекував ова . Драгана е фина жена и мислев дека сето тоа ќе го сокрие со својата добрина и дека ќе трае, без разлика колку некој има свои маани и доблести – рекла Ивана и додала:
– Никој не може да знае што се случува во неговите четири ѕида, па не можеме ни да судиме, а сепак мислам дека добар развод е подобар од лош брак.
Ивана: „Многу работи се знаеја однапред“
Иако со месеци се шпекулираше за нивен развод, Драгана дури неодамна ја потврди веста .
– Знаете како, ако нон-стоп ги навикнувате новинарите на заедницата и на фактот дека сте заедно, тогаш штом еден го нема, се шушка дека нешто не е во ред. Се се знае, а да не се лажеме, а новинарите знаат се и дознаваат се, само прашање е колку се внимателни кон некого од почит, па тогаш нема да објават нешто – рекла Ивана, а потоа додала:
– Многу работи беа однапред познати, не само за Драгана, туку и за другите, само не беше објавено – изјавила пејачката.