Пеењето на македонската химна станува задолжително во основните училишта во Велес

Во основните училишта на општина Велес ќе стане задолжително пеењето на македонската химна на Република Македонија.

Оваа одлука ја донесе Советот на општина Велес, со 20 гласа „за“.

„Со 20 гласа „за“ сметам дека предлог – одлуката за задолжително интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта во општина Велес е изгласана и одобрена“, беше објавено на крајот од седницата на советот.

Иницијаторите на овој предлог рекоа дека неговата цел е да ги поттикне чувствата на национална припадност и љубов кон татковината уште од најмала возраст.

„Целта на оваа иницијатива е со воведување на интонирање на химната во училиштата да се поттикне уште од најмала возраст, кај младите, чувствата за национална припадност, учење на децата за единство, за развој на историјата и традицијата, вреднување и препознавање на симболите кои се вклучени во химната и навестуваат развој на почитта кон својата татковина“, велат иницијаторите, пренесува „ТВ21“.

Немаше дискусија за оваа точка.