– Пекинг ја поздрави подготвеноста на американската министерка за финансии Џенет Јелен да ја посети Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за трговија Шу Јутинг.
Според Ссинхуа, Шу ова го изјави на прес-конференција како одговор на медиумските извештаи дека Јелен неодамна изјави дека сè уште се надева оти ќе ја посети Кина.
Многу е важно двете страни да одржуваат нормална комуникација, рече Шу, истакнувајќи дека кинескиот потпретседател Лиу Хе имал конструктивни разговори со Јелен за време на неговиот престој во Швајцарија минатиот месец.