Познатиот фудбалер Езекиел Лавеци минува низ пекол! Прво беше ранет на улиците на Уругвај, а сега е пронајден предозиран на улиците на Буенос Аирес.
„Има симптоми на предозирање откако имаше многу семејни проблеми. Неговите роднини мора да направат нешто околу тоа“, напиша познатиот новинар Луис Вентура.
Меѓутоа, набрзо се огласил синот на Езекиел Лавеци, кој ја демантира целата приказна и сето тоа го нарече како – измислица.
Потсетуваме, Езекиел Лавеци за аргентинската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна 9 голови. Во клупската кариера најголема трага како играч остави на Наполи и Париз Сен Жермен.