Ударот на руското високопрецизно оружје целосно го уништи утврдениот појас со припадниците на вооружените сили на Украина и резервите на муниција, пишуваат руските воени дописници.
Судејќи според снимката објавена од воените новинари, ударот со високопрецизно оружје најверојатно предизвикал значителни загуби на украинските сили.
На видеото , од неколку кадри се гледа силна експлозија, проследена со огромна колона чад.
Какво оружје е употребено и што точно е уништено од руските сили се уште не е точно познато, но поради огромната експлозија се шпекулира дека биле погодени големи залихи муниција.
Купјанск беше контролиран од руските сили од 27 февруари 2022 до 10 септември 2022 година. На 9 септември, украинските војници на полкот Кракен влегоа во предградијата на Купјанск за време на контраофанзивата во источна Украина и до следното утро повторно ја зазедоа зградата на градскиот совет. Борбите оштетија голем дел од центарот на градот. Подоцна истиот ден, украинските власти објавија дека Купјанск е ослободен.
Руските сили веќе неколку месеци спроведуваат офанзивни акции во правец на овој град.