– Последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признаени граници биле тема на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот украински колега, Володимир Зеленски во рамки на самиот Украина – Југоисточна Европа, во Тирана.
Истовремено, се додава во соопштението, претседателот Пендаровски навел дека државата се приклучила на Кримската платформа, ја усвоила Декларацијата за осуда на воените напади против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и се приклучила на Заедничката декларација на Г-7 за поддршка на Украина, на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и го поддржала формирањето на Специјалниот трибунал, кој ќе ги истражува и гони злосторствата на агресија извршени од страна на Руската Федерација.
Украинскиот претседател, како што се посочува во соопштението, изразил благодарност за цврстата позиција и севкупната поддршка што Украина ја добива од Северна Македонија.