Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе се соочат на тв-дебата пред вториот круг на претседателските избори закажани на 8-мај.
Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова утре, вторник 30 април, ќе бидат гости во ТВ21, а дебатата започнува во 21 часот и 15 минути.
Како што информираат од телевизијата, секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од различни области.