Пендаровски: “Немањето претседател на Судскиот совет фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет, оцени дека посебен проблем е што оваа институција нема претседател. Тоа, според него, фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата.

Она што го знам и што претставува посебен проблем е тоа што претседателот на Судскиот совет, кој и да е, е и претседател на Судско-финансискиот совет, што значи ако нема претседател на Судски совет нема кој да потпише решенија за судиите да земат плата. Таа ситуација мора час поскоро да се реши, не само заради платите, туку зашто фрла таква темна дамка врз целото европско, демократско досие на Северна Македонија“, вели Пендаровски, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет.

Според него, не се случајни реакциите изминатите днеови и од ЕУ и од Амбасадата на САД.

Тоа се најжестоки реакции и најжестоки критики за состојбите во македонскиот правосудсен систем од 1990 година до денес“, оцени Пендаровски.

Тој потсети дека имал обраќање уште првиот ден кога се случиле немилите сцени кои, како што напомена, не смее да се дозволат во држава што преговара со ЕУ и која сака да биде членка на клубот во кој се најголемите демократи во светот. 

Имав обраќање до медиумите првиот ден кога се случија тие немили сцени. Не памтам дека години наназад во земјава сме имале толку непријатни сцени поврзани со сферата која инаку е жестоко критикувана со право и од која најчесто, за жал, ни доаѓаат негативни вести. Тоа беше ситуација, сцена која не смее да се дозволи во држава која преговара со ЕУ и која утре сака да биде членка на тој клуб каде што се најголемите дмеократи во светот“, истакна Пендаровски прашан во врска со неговиот предлог Весна Дамева да биде избрана за член на Судскиот совет.

МакедонијаСтево Пендаровскисуд